Ако реформите се исполнети, зошто Мицкоски со месеци ја обвинува опозицијата дека блокира?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски сега тврди дека до ЕУ доставил документ со „целосно исполнети реформски обврски“.

Ако реформите се навистина исполнети, тогаш сите досегашни обвинувања кон опозицијата
дека го блокира Изборниот законик и со тоа ги спречува реформите беа обична лага.

Месеци наназад ВМРО-ОКГ тврдеше дека без Изборниот законик не може да се заврши Реформската агенда. Рокот 1 јуни одамна помина.

Реформите не се исполнети. Клучните закони или не се донесени, или се вратени од Европа на доработка.

Правосудството останува под политичка контрола а тоа го потврди и Европската комисија.

Доставувањето на документ во кој самите се оценуваат како успешни не значи дека обврските се исполнети.

Тоа значи само дека повторно се обидуваат да создадат привид на напредок, додека во реалноста Македонија стои во место.

Сега, кога самите велат дека сè е исполнето, станува јасно дека Изборниот законик никогаш не бил вистинска пречка. Тој беше само алиби.

Или реформите не се исполнети, и повторно лажат. Или се исполнети, и месеци лажеа дека опозицијата ги блокира.

Во секој случај, Мицкоски многу, многу лаже. А лаже и целото ВМРО-ОКГ.