Димитриевски зборува за „голем ЗНАМ“, а здружението веќе не постои

Facebook
Twitter
LinkedIn

Максим Димитриевски денеска изјави дека „големите се плашат од голем ЗНАМ“. Ова е смешно.

Голем ЗНАМ не постои. Постои само големо ништо и остаток од здружение кое Мицкоски го создаде и финансираше за да ја дели опозицијата.

ЗНАМ во моментов е политичка мрша. Луѓето масовно го напуштаат, пратеници и советници си заминаа, а партијата повеќе не постои во вистинска смисла на зборот.

Она што остана се неколку луѓе кои се уште чекаат Мицкоски да им ги исплати тендерите за предавството врз СДСМ и за предавсвтото на сопствените гласачи.

Наместо да седат и да раскажуваат бајки за „нови луѓе“ и „голем ЗНАМ“, подобро ќе беше Максо и Борче да направеа нешто конкретно за граѓаните на Гостивар.

Во Гостивар има сериозна епидемија, а тие наместо да помогнат, продолжуваат со политички театар.

ЗНАМ беше проект на Мицкоски за ситнење на опозицијата. Сега кога проектот пропадна, остануваат само тендерите кои треба да се одработат.

Тоа е целата „политика на нови луѓе“ – големо предавство на луѓе за тендери.

Граѓаните веќе знаат дека ЗНАМ не е алтернатива. Тоа е сателит кој ја одработува својата задача и сега полека се гаси.