“Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го нарече срамниот билборд за влезот во Скопје „печатна грешка“.

Ова не е печатна грешка. Печатна грешка е кога има грешка во текстот. Ова е графички производ со коњ со пет нозе, мост без крај и храм на Свети Сава од Белград наместо скопски пејсаж.

Не е направено од графички дизајнер туку со вештачка интелигенција, без контрола и без елементарна проверка.

Тоа што градоначалникот на главниот град може да изјави дека е „печатна грешка“ зборува за апсолутна неписменост и за тоа колку никој во Град Скопје не контролира ништо што се работи.

Ова е уште еден доказ дека ВМРО-ОКГ и неговите кадри работат по моделот на нивната сродна партија од Србија, со иста аматерска и примитивна логика. Нема контрола, нема проверка, нема одговорност.

Градот не функционира од кога Орце е градоначалник.

Не може да го реши ѓубрето во главниот град, не може да го реши градскиот превоз а се занимава со промоција преку AI-генерирани билборди.

Сега прашуваме:

• Кои фирми учествуваа во изработката на графичкото решение?

• На основа на кои параметри е избрана фирмата?

• Дали е спроведена јавна набавка согласно законот?

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ОКГ покажаа дека не се способни ниту за основни работи во градот.

Наместо да се занимаваат со чистење на Скопје и со вистински проекти, произведуваат срамни билборди и потоа се правдаат со „печатни грешки“.