Соопштение за јавност
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, мора веднаш да ги објави податоците за фирмата која го изработила графичкиот дизајн на срамниот билборд на влезот во градот.
Граѓаните имаат право да знаат:
• Како оваа фирма ја добила работата?
• Дали е спроведена јавна набавка?
• Колку е платено за графичкото решение и за поставувањето на билбордот?
• Дали Град Скопје плаќа за AI-генериран срам?
Исто така, градоначалникот треба да открие колку тендери досега добила оваа фирма и кој стои зад неа.
Според правилата за јавни набавки, за лошо извршена работа се издава негативна референца, која носи исклучување од учество во јавни набавки од 1 до 5 години.
Досега нема информација дали на оваа фирма ѝ е издадена негативна референца или пак ќе продолжи да добива пари од буџетот на Град Скопје.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски не смее да крие информации за трошење на јавни пари.
Граѓаните на Скопје заслужуваат одговори, а не молк и прикривање.
