Како што рековме – кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Горивата повторно поскапуваат.

Дизелот за 4,5 денари, бензините за 3 денари по литар, од полноќ вечерва.

Како што рековме. Секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување.

Овојпат се надмина себеси.

По најавата – не еднаш, туку двапати се случи поскапување на горивата.

Граѓаните веќе имаат страв од „мерките“ на Мицкоски.

Знаат дека ќе поскапи сè, не само горивото.

Економијата е во колапс.

Потрошувачката кошничка расте, граѓаните осиромашуваат.

Нема зголемување на платите. Наскоро нема да има ниту за пензии.

Владата се задолжи кај МЕПСО, кај Навигација и кај Лотарија за да го враќа кинескиот кредит.

Со Мицкоски сè е лотарија.

Само што тој секогаш добива, а граѓаните секогаш губат.