Повеќе не сме трета економија во Европа. Сега сме први. И во туризам. И во сè. Мицкоски се занимава со магија!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Мицкоски денеска објави новата – магична економска реалност.

Повеќе не сме „трета економија во Европа“. Сега имаме поголем раст од цела Европска Унија.

И први сме во Европа по зголемен процент на туристи.
Браво.

Додека граѓаните бројат дали ќе го преживеат месецот,
додека потрошувачката кошница урива рекорди,
додека горивото втора недела по ред поскапува,
додека земјоделците продаваат под минимална цена,
додека младите си одат,
ние сме први.

Први по имагинација. Европа може само да ни завидува.

Германците, Холанѓаните, Швеѓаните… сите гледаат во нас и велат:
„Како го прават тоа?“

Лесно.
Со прес-конференции.
Ова веќе нема граници.
Утре ќе бидеме и први во вселената.

И први по број на празни фрижидери. И први по должина на колони на границите.

Само да не застанеме.

Браво за Мицкоски. Ова навистина е чудо.