Втора недела по ред скокна цената на горивата.
Владата најавува дека во понеделник ќе одлучува за мерки.
Граѓаните повторно во страв.
Затоа што кај оваа влада веќе стана правило:
кога Мицкоски најавува „мерки за поевтинување“ – сите знаат дека следува поскапување.
Ова веќе стана смешно.
Но бидејќи директно удира по џебот на граѓаните – воопшто не е смешно.
Горивото поскапува.
Потрошувачката кошница расте.
Минималната плата стагнира.
А Владата повторно „ќе размислува“ во понеделник.
Граѓаните повеќе не веруваат во најави. Веруваат само во сметките што ги плаќаат.

