fbpx

Се множат меѓународните неуспеси на Никола Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Неодржувањето на Самитот на шефови и влади на земјите членки на ЦЕИ е потврда дека Никола Груевски тоне во меѓународната изолација.

Врв на меѓународната изолација и неефикасноста во исполнувањето на меѓународните обврски е фактот што владата на Груевски не беше во состојба да го свика и одржи Самитот на шефовите на држави и влади на земјите членки на ЦЕИ, најавен за 19 ноември 2015 година.

Најавената програмата на нашето претседателство со ЦЕИ не само што не е исполнета со неопходните, а ветени содржини, туку видно е и дека нашите партнери во ЦЕИ не се заинтересирани, во сегашните услови, да партиципираат на одделни содржини.

Впрочем, и најмладите наши граѓани забележаа дека, кога се во регионот, земјава ја заобиколуваат канцеларката Ангела Меркел, потпретседателот Џо Бајден, државниот секретар Џон Кери, претседателот Владимир Путин…

Се множат меѓународните неуспеси на Никола Груевски.

Затоа граѓаните имаат идеја: збогум Никола!

 

Скопје, 05.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести