Соопштение за јавност
Писмена реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се фатени во нивните лаги, нивните виртуелни инвестиции и виртуелни проекти коишто никогаш не се реализираат.
Примерот со индустриската зона во Радовиш, што Груевски ја вети пред 15 месеци а до денес е празно земјиште со неколку ископани дупки, е уште потврда за лажните, виртуелни инвестиции.
Дури и Народна банка објави дека во третиот квартал од оваа година, во Република Македонија влегле само 8,5 милиони евра странски инвестиции.
Во Радовиш ниту има ниту има нови работни места а Груевски постојано се расфрла со виртуелни проекти кои никогаш не се реализираа.
Граѓаните на Радовиш не му веруваат на Никола Груевски.
Груевски ги излажа радовишани и за изградбата на нов градски трговски ценар. Нов трговски центар во Радовиш до денес нема.
Во населбата Куклевица во Радовиш Никола Груевски ветуваше изградба на нов покриен пазар. Нов покриен пазар досега требаше да биде завршен а не е ниту почнат.
Ги нема ниту ветените 400 фирми со коишто Груевски се расфрлаше во 2013 година.
Го нема ниту Економскиот бизнис центар што виртуелно Груевски го ветуваше во 2013 година.
Тоа се виртуелните проекти на Никола Груевски во Радовиш коишто во реалноста никогаш не се реализираа.
Единствените реални „инвестиции“ на Никола Груевски се парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари, провизиите, тендерите за споменици вредни 630 милиони евра…
Затоа граѓаните на Радовиш имаат идеја: збогум Никола!
Скопје, 05.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА