Соопштение за јавност
До Никола Тодоров дојде работата да ги оправа и субвенциите, откако “ги среди“ образованието и здравството.
Човекот кој направи хаос во здравствениот и во образовниот систем, од минатата недела доби од Груевски проширени надлежности.
Тодоров влезе во ресорот на Ставрески, од “експерт“ за долгови и невработеност стана “експерт“ за бегалската криза, а од синоќа во Облешево го “лечи“ и земјодeлството.
Тоа е истиот Тодоров во чиј мандат умираат родилки и бебиња поради недостиг на матични гинеколози и амбуланти, а во Македонија има три пати поголема смртност на новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ.
Тоа е тој Тодоров кој ги намалил испораките на најновата генерација инсулин за дијабетичарите, им крати инсулин на болните од дијабет и им го загрозува животот со неисправни апаратчиња за мерење шекер.
Тоа е Никола Тодоров кој по 10 години најавува една иста неизградена болница, во чие време над 1.000 болни од рак од Штип и од целиот источен регион, се приморани секојдневно да патуваат на зрачна терапија на Клиниката за онкологија во Скопје.
Во клиниките се пука во лекари, пациенти со крварење сами си купуваат завој, умираат луѓе по ходниците на хаотичното здравство.
Тоа е тој Тодоров за кого граѓаните лично од Јанкулоска слушнаа:
“Не можеш ти да држиш тема за реформи, а најголемиот проблем у државава е кај тебе…“
Тој Никола Тодоров кој вчера се правдаше дека е невозможно сите проблеми да се решат, не реши ниеден проблем туку создаде нови со тендер политиките помогнати од Груевски.
Земјоделците како и другите граѓани имаат порака за Никола Груевски и неговиот миленик Никола Тодоров:
Оставка Никола!
Скопје, 05.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА