fbpx

По големиот скандал молк во Министерството за земјоделство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Почитувани,

Молк во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство откако дополнителниот заменик-министер, Љупчо Николовски го објави големиот скандал.

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Србиновски, сегашен раководител на Подрачната единица на МЗШВ во Битола и неговото семејство буквално го имаат запоседнато министерството.

Таткото Илија заедно со синот и снаата се вработени во министерството, а сопругата на Србиновски, Слободанка, преку фирмата ИЗ ДЕСИЛ добива 45 хектари државна земјоделска земја под концесија.

Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Никола Груевски, ниту пак министерството за земјоделство не даде одговор за овој класичен пример на злоупотреба на државните институции за партиски цели.

Србиновски и неговото семејство профитирале и од поплавите што го зафатија пелагонискиот регион.

Последните поплави Србиновски ги има искористено за злоупотреба на буџетските средства наменети за исплата на штети. Според проценката на комисијата на општина Новаци, проценетата штета за исплата на фирмата на сопругата Слободанка е 1.118.000 денари.

Скандалот е поголем бидејќи според записникот од инспекторите на терен, овие површини се поплавен намерно, поради рушење на заштитен насип на каналот од страна на Србиновски.

Пред приложените докази и најголемиот минипулатор Никола Груевски – молчи.

Молчи заради тоа што Србиновски е фатен како безобразно ја злоупотребува државната функција.

Молчи заради тоа што Србиновски е фатен како зема субвенции.

Молчи заради тоа што семејството Србиновски се фатени во класичен судир на интереси.

Со државни пари и функции Груевски ги наградува партиските послушници, за да може преку нив да ги уценува земјоделците. И ова не е единствен случај. Земјоделците постојано реагираат на притисоците што ги трпат за време на избори од овие локални моќници на Никола Груевски.

СДСМ ќе продолжи да ги разоткрива злоупотребите и да ги штити интересите на граѓаните. Тоа е нашата основна цел со влегувањето во институциите на државата, да бидеме контроли и да спречиме натамошна злоупотреба на државните функции во партиски цели.

Вистината мора да излезе на виделина, а сите што го прекршиле законот, да одговараат.

По 24-ти април и промените коишто ќе ги донесе СДСМ ќе значат чесна, одговорна и транспарентна влада којашто ќе работи во интерес на граѓаните.

 

Скопје, 05.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести