Мицкоски побегна од пратенички прашања – граѓаните останаа без ниту еден одговор

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски побегна.

Граѓаните останаа без одговор на ниту едно прашање.

Без одговор за труењето на цела Македонија.

Без одговор за економскиот колапс.

Без одговор за изолацијата.

Без одговор за неисполнетите ветувања.

Вчера се сокри зад својот сателит ЗНАМ за да избега од пратеничките прашања.

Кога требаше да одговори на дополнителното прашање од претседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче, ЗНАМ ја одигра својата улога – побараа пауза и ја прекинаа седницата.

Мицкоски веќе си планира одмор на почетокот на летната пауза на Собранието, го спрема владиниот авион, надевајќи се дека граѓаните ќе го заборават труењето додека Собранието повторно не заседава.

Никој нема да заборави, затоа што ќе бараме одговорност.

Министрите молчат. Прашањата остануваат без одговор.

Бегањето од прашањата не е решение. Бегањето од вистината не е политика. Бегањето од одговорност не е лидерство. Но, тоа е Мицкоски и организираната криминална група ВМРО.

На власт дојдоа со лаги, а со лаги и владеат.

Граѓаните сè знаат. И наскоро ќе дојдат по своето.

Наскоро ќе дојде времето на вистината и правдата, а власта повторно ќе биде во рацете на народот.