Соопштение за јавност
Неофицијално, хемикалија за производство на детергенти ги побелела Лепенец и Вардар.
А од Државниот инспекторат за животна средина велат дека сè уште ги немаат податоците кои треба да ги споредат.
Колку дена поминаа откако Орце леташе со дрон?
Колку дена се потребни за да се докаже што ја отру водата? Дали ова се прави намерно?
Пола Македонија е отруена.
Седум градови и неколку села немаат вода за пиење.
Во Гостивар епидемија на жолтица што Мицкоски сака да ја прикрие.
А одговорен сè уште нема. Ниту еден. Министерствата и Владата молчат.
Мицкоски и Клековски – секој со своја приказна.
Едниот вели дека од петок може да се пие. Другиот вели дека има нова бактерија.
Мицкоски стана бактериолог, а Клековски не е ништо, освен задолжен за напади на професори и доктори.
Тошковски се занимава со хиперхлорирање, бидејќи корупција и криминал не може да гони – би морал да се уапси себеси, Мицкоски и целата организирана криминална група ВМРО. Затоа стана полицаец-водоводџија.
Сè ова би било смешно да не е во прашање здравјето на граѓаните и да не се меша вода за пиење со фекалии.
Затоа е многу сериозно.
На Мицкоски и ВМРО им е важен само рејтингот.
Здравјето на граѓаните – не.
Уште малку, кога ќе тргнат Орбановите медиуми со засилување од Србија – со „Ало“ и „Информер“, плус Еуроњуз со лиценца од Вучиќ што ја водат Латас и Ивона – граѓаните повеќе нема ни да чујат дека водата е отруена.
Македонија е изолирана. Во медиумски мрак. Без вода за пиење. А во позадина минуваат криминалните тендери.
Така изгледа програмата на ВМРО-ОКГ и на Христијан Мицкоски.

