fbpx

И „Прес24“ ги призна лагите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Покрај „Курир“ и „Прес24“ денеска ги призна грубите лаги и му се извини на Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ и дополнителен заменик министер за информатичко општество.

Извинувањата од „Курир“ и „Прес24“ се само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под своја контрола постојано води медиумски хајки против сите што се спротивставуваат на погрешните политики на Никола Груевски.

Дополнително, се докажува дека медиумските хајки на власта се само невистини, измислици, и ништо друго.

Професионалните и етичките новинарски стандарди подразбираат непристристрасно, објективно, транспарентно и навремено информирање на граѓаните.

Затоа и Европската Комисија бара регулација на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.

СДСМ ќе ги врати слободата во општеството и слободата во медиумите.

Новинарите професионално и слободно ќе можат да работат, каква штo е нивната должност пред јавноста.

По 24-ти април и победата на СДСМ, медиумите во Македонија ќе бидат слободни.

 

Последни вести