Соопштение за јавност
Расте нервозата кај Никола Груевски и неговите медиумски курири кои се во уплав од незапирливиот процес за средување на состојбите во медиумскaта сфера во Македонија.
Професионалните и етичките новинарски стандарди подразбираат непристристрасно, објективно, транспарентно и навремено информирање на граѓаните.
Од тука е паниката и целата нервоза на Никола Груевски и неговите курири.
Груевски се плаши од вистината. Затоа Груевски нервозно ровари против процесoт за професионални медиуми, заедно со медиумските послушници навикнати на корупција со пари од граѓаните.
Груевски сака да постојат само „Курир“ и куририте што ги читаат на телевизија виртуелните вести објавени од ова гласило.
Се што е поврзано со вистината медиумските курири имаат задача да го блокираат.
Затоа воопшто не се пренесуваат ставови на граѓани, здруженија, политички партии и експерти коишто се критични за Никола Груевски и неговите погрешни политики.
Дури ниту демантите за лагите објавени од страна на медиумските курири не се објавуваат.
Минаа недели и денови, се уште нема одговор што навистина е Курир, интернет портал, информативна агенција, агенција-партија?
Курир крие од јавноста кој навистина работи за овој портал / информативна агенција / агенција – партија и се уште го нема објавено својот импресум.
Ваквото однесување на медиумските курири е една од причините што Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан.
Затоа и Европската Комисија бара регулацијата на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.
СДСМ ќе ги врати слободата во општеството и слободата во медиумите.
Новинарите професионално и слободно ќе можат да работат, каква штo е нивната должност пред јавноста.
По 24-ти април и победата на СДСМ, медиумите во Македонија ќе бидат слободни!
Скопје, 02.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА