Соопштение за јавност
Пред заминување, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, се расфрлаат со виртуелни милиони со што покажуваат дека целосно се изгубени.
После лагата за виртуелни 600 милиони евра инвестиции, ВМРО-ДПМНЕ ги надгради и прошири своите виртуелни ветувања со нови, виртуелни милијарди вложени во инфраструктурата.
Во ВМРО-ДПМНЕ не само што живеат во виртуелен, нереален свет, ама како да не живеат ниту во Македонија.
Кога зборува за виртуелни милијарди евра инвестиции во инфраструктурата дали ВМРО-ДПМНЕ мисли на ветувањето на Никола Груевски за 8 милијарди евра инвестици коишто никогаш не се реализираа?
Единствените реални „инвестиции“ на Никола Груевски се парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари, провизиите, тендерите за споменици вредни 630 милиони евра…
Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за цели 10 години изградија само 7 километри автопат.
Дополнително, за време на мандатот на Груевски за три до четири пати се намали вкупниот бројот на локомотиви и патнички гарнитури поради негрижа и нередовна санација.
Никола Груевски, цели 10 години не успеа да го реши ниту клучниот проблем, обнова и реконструкција на застарените железнички пруги.
Очигледно паниката, нервозата, стравот од губењето на власта и соочувањето со одговорноста за корупцијата во изминатите 10 години ги излудува ВМРО-ДПМНЕ. Но, тоа е проблем на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!
Скопје, 03.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА