fbpx

Владимир „Дил Ориентед“ Пешевски нема кредибилитет

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владимир Пешевски, познат како господинот „дил ориентед“ нема ама баш никаков кредибилитет да зборува за вработувања.

Покрај неговите напади врз новинарите катастрофалните економски разултати се главната одлика на господинот „дил-ориентед“.

Поради „дил-ориентед“ политиките на Пешевски и неговиот надреден Груевски, 626.312 граѓани заминале од Македонија, пред се млади, образовани луѓе.

Поради „дил ориентед“ политиките над 180 илјади граѓани во Македонија живеат со по 40 денари на ден.

„Дил-ориентед“ политиките на Груевски и Пешевски затворија над 10 илјади фирми во земјава а секоја трета фирма е со блокирана сметка.

Македонија е на дното по странски инвестиции во Европа.

Граѓаните најдобро знаат каква катастрофа направија „дил ориентед“ политиките, го гледаат тоа секој ден во своите џебови и фрижидери.

Промените за подобар живот и нови работни места доаѓаат на 24-ти април, по победата на СДСМ.

Затоа граѓаните имаат идеја: збогум Никола и збогум за твоето друштво!

03.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА