fbpx

Виртуелни инвестиции и во Дојран

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Зоран Ставрески, човекот што велеше „немаме за леб а трошиме за чоколадо“, не може да зборува за одговорност.

Лицемерното однесување на Зоран Ставрески не познава граници.

Расипничките и неодговорни политики на Груевски и Ставрески ја доведоа земјава во ситуација да мора постојано и постојано да се задолжува за да има пари за плати и пензии.

Дополнително, Ставрески, заедно со Груевски, беа главните промотори на контраверзниот бизнисмен Субрата Рој којшто заглави на индиските судови за корупција.

Пред да измислува нови виртуелности Ставревски треба да им одговори на граѓаните на Дојран каде се хотелите покрај Дојранското езеро на контравезниот Субрата Рој?

Каде се двете туристичко развојни зони на коишто требаше да се изградат поголеми хотели, авто камп, голф терени, спа центар ветени уште во 2013 година?

Ги нема. Тоа е виртуелниот свет на Никола Груевски и Зоран Ставрески.

Во реалноста, ниту има инвестиции ниту има работни места.

Корупцијата во изминатите години однесе многу работни места и избрка многу инвеститори.

Сега е доцна Ставрески да бара идеи.

Граѓаните на Дојран имаат идеја: збогум Никола!

Скопје, 03.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести