Тимчо Муцунски сам се демантира – колку уште ќе лаже ВМРО?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Тимчо Муцунски повторно се фати во сопствените лаги.

На 24 јули, на прес-конференција, тврдеше дека ништо не се крие и дека јавноста е информирана за сите средби.

Само десет дена подоцна, на 3 август, во интервју за МИА призна: „Разговори има“, но деталите, според него, не смеат да бидат јавно соопштени бидејќи, ако се откријат, „ќе пропаднат“.

Медиумите веќе објавија дека постојат преговори „под радарот“. Тоа секој граѓанин може да го провери. Не станува збор за една или две објави. За тоа известуваа десетици медиуми, вклучително и медиуми на ВМРО и нивниот сојузник Орбан.

Муцунски прво негираше, а потоа самиот потврди дека се водат разговори „зад радарот“.

Дури и амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, јавно изјави дека се работи „под радарот“ а деблокирање на патот кон ЕУ. И оваа изјава граѓаните можат сами да ја проверат во медиумите.

Ова не е дипломатија. Ова е циркус што го водат Мицкоски и Муцунски.

Ова е класичниот модел на ВМРО-ОКГ: лаги, контрадикции и бегање од одговорност.

Истиот човек кој ја обвинуваше опозицијата дека шири паника, самиот признава дека најважните разговори се водат во тајност.

И повторно – опозицијата им е виновна.

Нивната неспособност е неверојатна.

Кога ќе бидат фатени во сопствените контрадикции, наместо одговори, тие повторно се закануваат.

Се закануваат со сила.

Се закануваат со обвинителство и полиција.

Се закануваат со апсења.

Истиот Мицкоски, заедно со Муцунски, кој ветуваше „подобра преговарачка позиција“, сега зборува за преговори чија содржина граѓаните немаат право да ја знаат.

Немаат право граѓаните да знаат што ВМРО разговара зад затворени врати. Немаат право да знаат што се договара за нивната иднина, додека оваа криминална група зборува во нивно име.

И на крај, граѓаните имаат право да знаат:

Што точно зборуваше Мицкоски во Брисел на својата „екскурзија“?

Што договори таму, а што не е официјално соопштено?

Што повторно Мицкоски договараше „под радарот“?

Уште олку пати ВМРО ќе ја третира јавноста како наивна?

Граѓаните не сакаат „разговори зад радарот“.

Граѓаните сакаат јасни одговори:

Што точно се преговара?

Што е прифатено?

Што се крие?

И што договорил Мицкоски во име на граѓаните?

Лагите повеќе не држат.