Што договараше Мицкоски „под радар“ на екскурзијата во Брисел?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Што точно договараше Христијан Мицкоски во Брисел додека беше на „екскурзија“ со семејството?

Разговори што не се официјални. Средби што не се пријавени преку Министерството за надворешни работи.

Преговори за иднината на државата, без ниту еден претставник на Владата.

Како е можно премиерот на една држава да оди на „неофицијални“ разговори за клучното прашање – европската иднина на Македонија, без знаење и без учество на дипломатијата?

Како е можно шефот на државата да носи со себе сопруга и деца на средби од кои зависи судбината на два милиони граѓани?

Одговорот е еден и јасен:

Мицкоски ја третира Македонија како своја приватна сопственост.

Тој одлучува сам.

Тој преговара сам.

Додека Тимчо Муцунски зборува за разговори „под радарот“, Мицкоски тие разговори ги води лично, во семеен аранжман, далеку од очите на јавноста и институциите.

Ова не е државничка одговорност. Ова е приватизација на државата.

Граѓаните имаат право да знаат:

Што е договорено?

Што е прифатено?

Што е скриено?

Македонија не е приватна фирма на Мицкоски, иако тој ја гледа така.

И нејзината иднина не се договара на семејни екскурзии.