Филипче: Скандалозно признание на Тошковски дека нашата граница е швајцарско сирење

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во Централниот дневник на МТВ, рече дека изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека границата е швајцарско сирење е скандалозна, посочувајќи го примерот со пуштањето на Ива Михаилова , како и низата безбедносни пропусти во изминатиот период.

„Вчера министерот за внатрешни работи, би рекол, скандалозно изјавува дека нашата граница е швајцарско сирење. Ама тоа не треба тој да го изјави, тоа се гледа секојдневно. Изминатите повеќе од две години како е тој министер за внатрешни работи. Се сеќавате на скандалите на границата со Косово, како поминуваше Африм Гаши на свадба и така натаму. Како избега Артан Груби?“, рече Филипче.

Филипче посочи дека случајот со Ива Михаилова е уште еден во низата скандали за кои треба да има одговорност.

„ Најмалку што може, Панче Тошковски, сега, после овој скандал, последен во низата скандали е тоа. Да не го заборавиме случајот со пожарот во Кочани, се обиде да ги заштити делот од полицајците кои што таму работеа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Во врска со случајот со Ива Михаилова, Филипче побара Бугарија да ја екстрадира и побара одговорност од Тошковски и Христовски.

„Бараме Бугарија да направи екстрадиција. И тоа е најмалку што Бугарија треба и може да направи во корист на добрососедските односи. Да потсетам на лажниот сертификат што директорот на АНБ, Бојан Христовски, го има од Бугарија. Да не е тоа причината зошто сега има вакви договори? Затоа што АНБ треба да има одговорност, затоа што МВР треба да има одговорност. А како ние можеме да бидеме сигурни дека сега нема некој таков договор, кога директорот на АНБ има фалсификуван сертификат за англиски јазик од Бугарија?. Нема што друго да е освен договор, затоа што нема објаснување како некој може така да помине граница. И адвокатот и самата Ива кажаа дека ја поминале границата најлегално, рече Филипче.

Линк до видео:

https://play.mrt.com.mk/play/598023