Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар“ за пуштање на Михаилова

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наместо одговорност за пуштањето на Ива Михаилова, граѓаните повторно гледаат како Мицкоски го штити Тошковски.

Нема одговори како обвинета, со одземени македонски и бугарски пасош успеала да ја напушти државата.

Тошковски на телевизија јавно признава дека границата е „швајцарско сирење“.
А кој е надлежен за границата? Тошковски.

Срамота е министерот што ја води полицијата, која ја обезбедува границата, да каже дека границата е швајцарско сирење.

Границата е решето и за криминалци и за бегалци од правдата. Никој не одговара. Нема правда.

А кој раководи со полицијата? Тошковски.

Ама Мицкоски го штити Тошковски.

Сега на сите им е јасен договорот под „радар“ за пуштање на Михаилова.

Затоа наместо одговорност и оставка од Тошковски сега народот гледа театар.