Стабилна економија со 4 милијарди евра нов долг – 12 милијарди евра вкупно, Кочовска почна да црта бајки како арамијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Гордана Димитриеска-Кочоска вели: стабилната економија и одржливиот развој се приоритет за државата.

Стабилна? Со задолжување од 4 милијарди евра за две години. Половина од долгот од независноста. Втор ребаланс, трет најавен.

Секоја недела нови 40, 50, 70, 250 милиони евра. Тоа е стабилноста на ВМРО-ОКГ.

Минимална плата од 400 евра. Кошничката со стан околу 90.000 денари. Три минимални не ја покриваат. Стандардот колку една третина од ЕУ, како што кажа Светска банка. Не трета економија. Третина.

Горивото преку 100 денари за литар. Цените на становите недостижни за младите. НБРМ одреди потешки кредити за втор стан. Нема помош за најранливите. Нема откуп и субвенции за земјоделците.

Нема квалитетна здравствена заштита. Нема чиста вода за пиење во десетици места. Скоро 4 месеци Гостивар без извештај. И планови за опасни рудници и дата-центри што ја трошат водата и струјата на граѓаните.

Што зборува министерката? Почна како нејзиниот шеф, арамијата Мицкоски. Бајки што веќе ни децата не ги слушаат. Трета економија. Илјада евра просек. Стабилност. Одржлив развој.

Народот гледа кошничка, рата, сметка за струја и млади што се пакуваат. Не статистика и цртање на табла.

СДСМ бара минималец од 600 евра што го одбија сите партии. Сателитите ја напуштија салата пред гласањето.

СДСМ бара помош за земјоделците, целата влада не гласаше.

Бара мерки што ги предложи на почетокот на кризата. Бара Европа, не изолација. Бара вода и струја за граѓаните, не за провизија.

Додека министерката и арамијата цртаат бајки, граѓаните плаќаат.

Власта ќе се врати во рацете на народот. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши.