Соопштение за јавност
Д-р Иван Барбов ја сруши пропагандата. Единствена членска книшка што ја имал била таа на ВМРО-ДПМНЕ.
Не човек на Заев. Не поставен од Филипче. Член на бандата. А ВМРО-ОКГ и Латас со денови по ред го продаваа како „човек на Заев“ за да го покријат случајот со Ива Михаилова. Лагата падна во вода.
Гебелс техниката: повторувај погласно, па ќе стане вистина, не поминува веќе.
Дури и сега, кога Тошковски призна дека границата е швајцарско сирење. Кога Муцунски се договорил, а Мицкоски одобрил Ива да ја премине граница без документи, без проверка во системот.
Со денови ВМРО-ОКГ бара решение како да го прикрие ова. Деманти стигнуваат од сите страни.
Докторот рече: единствена членка книшка што ја има е од ВМРО. Латас пласираше лаги преку Орбан–Вучиќ медиумите и платените портпароли. Не држи.
Не поминуваат повеќе Дубаи. Згради од 40 ката. Венеција. Харис Џиновиќ. Бугарски амбасадор. Остана само голата вистина.
Криминалната организација ВМРО лаже, како и секогаш. Како и нејзиниот шеф што лаже чим ќе зине.
СДСМ изнесува факти. Фактите се тука и се едноставни.
Докторот – членска книшка на ВМРО. Границата ја контролира полицијата – Панче Тошковски.
Пасошите се одземени – обвинителството и судот – Мицкоски.
Системите што не регистрираат – полицијата – Тошковски.
Кога нема одговор и никој не дава никакво објаснување – Мицкоски.
Бандата бега од вистината. Народот гледа.
Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши.




