Соопштение за јавност
Тошковски ги навредува чесните полицајци кои си ја вршат работата. Тој е срам за нив и за министерската функција што ја извршува.
Панче Тошковски вели: горд е што македонската полиција има оперативен капацитет да биде рамноправен и доверлив партнер. Партнер? Со која полиција?
Со полиција што пушта бодигард на Мицкоски кој тепа жени. Со полиција што не реагира на пријави за семејно насилство што доведе до смрт на мајка и дете.
Со полиција што пушта масовен убиец на слобода. Со полиција што пропушта пет тони дрога преку граница, покрај системот Safe City, покрај граничната контрола и царината.
Со полиција што ја пушта Ива Михаилова без документи, а системите не регистрираат ниту излез, ниту влез. Со полиција што самиот министер ја нарече швајцарско сирење.
Со полиција што има Пегасус и снима разговори на граѓани без никаквви законски механизми за конторола. Со полиција што служи за гласање и за избори, но не и за закон.
Тоа не е оперативен капацитет, тоа е капацитет за покривање. Тоа е полиција во рацете на ВМРО-ОКГ. Не партнер за доверба. Алатка за касата и за кампањата.
Никој не сака да биде партнер со членови на криминална организација.
Ниту Европа, ниту сојузниците, ниту граѓаните.
СДСМ бара оставка и одговорност. Полицијата треба да му служи на народот, не на бандата.
Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара, пред независно судство и пред Лаура Ковеши.



