Филипче од Брвеница му одговори на Мицкоски: СДСМ не можеш и нема да ја уништиш!

Facebook
Twitter
LinkedIn

„Мицкоски, нека не те лаже умот. Ние сме како пиреј. СДСМ нема да ја уништите!“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Брвеница, одговарајќи му на Христијан Мицкоски по неговата изјава дека СДСМ треба да се уништи.
„Пред неколку дена арамијата Мицкоски дојде во Брвеница, во Милетино, и на својот митинг кажа дека СДСМ треба да се уништи. Еве, да му одговорам од овде: Знам сѐ што правиш, Мицкоски. Знам дека сакаш да ја уништиш СДСМ. Знам дека сѐ што правиш е за да нѐ уништиш. Затоа што се плашиш. Се плашиш затоа што СДСМ не ти е под контрола. Затоа што сме единствената вистинска опозиција во земјата“, порача Филипче.
Филипче посочи дека нападите врз СДСМ, црната кампања, навредите и ширењето омраза нема да ја сменат улогата на партијата како единствена вистинска опозиција.
„Се плашиш затоа што знаеш дека ќе одговараш за криминалот пред Европското јавно обвинителство. Се плашиш затоа што ти паѓа поддршката, а СДСМ расте.
Затоа ровариш. Затоа е црната кампања, затоа ме правите убиец на деца на вашите медиуми.
Затоа се навредите, заканите, омразата – „талог“, „мочуриште“, „медиокритети““, рече Филипче.
Филипче од Брвеница упати директна порака до Мицкоски дека СДСМ нема да се повлече и дека ќе продолжи да се бори за граѓаните и за Македонија.
„СДСМ е народот, СДСМ се граѓаните. Работниците, земјоделците, пензионерите, младите што сакаат да останат во оваа земја. СДСМ е Европа, напредок, развој, патриотизам, државништво. СДСМ е искреност и вистинска љубов кон татковината и кон сите наши граѓани. СДСМ е соживот, почитување на различностите. СДСМ е поддршка за ранливите. СДСМ е партија што постои за народот и за Македонија.
Не можеш да нè уништиш и нема да нè уништиш. Христијан, на крај ќе ти порачам една стара поговорка: кој на друг гроб му копа, сам во него паѓа. Доаѓа времето на вистината и правдата. Ќе одговарате! Сите до еден!“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Линк до видеото :