Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, вечерва на завршниот митинг во Брвеница ги повика граѓаните во недела да излезат на гласање и да го поддржат кандидатот за градоначалник на СДСМ Јовица Радески, кој нуди конкретни проекти и решенија за граѓаните на општина Брвеница. Филипче порача дека Брвеница заслужува промени, по неуспешното владеење на ВМРО, кои ги изневери очекувањата на граѓаните.
„Пред неколку недели, од овде, од Брвеница, ја започнавме оваа кампања.Бевме меѓу луѓето, ги слушавме, ги презентиравме проектите, програмата, решенијата.Вечерва, неколку дена пред крајот на кампањата, со уште поголема сила, мотив и енергија, ве повикувам: излезете и гласајте в недела.Нека зборува вашата волја, нека зборува вашето гласачко ливче“, рече Филипче.
Тој истакна дека граѓаните најдобро знаат кому треба да му ја дадат довербата, посочувајќи дека Јовица Радески е човек кој ги познава проблемите на жителите и има програма со конкретни решенија за нив.
„Вие најдобро знаете за што се гласа.Се гласа за добар, вреден и чесен човек – Јовица Радески. Сите вие добро го познавате, секој ден е меѓу вас, во секое село и во секој дом.Има решенија за проблемите, преточени во неговата програма“, рече Филипче.
Филипче ги повика граѓаните да изберат конкретни проекти што ќе го подобрат секојдневниот живот во општината, наместо празните ветувања со кои ВМРО ги разочара граѓаните.
„Се гласа за конкретни решенија и проекти. Обновена и проширена водоводна мрежа, пречистителна станица за отпадните води,обнова на системот за наводнување на обработливото земјиште, реконструирани улици и локални патишта, проширени мостови, агроиндустриска зона за преработка. За подобри услови во училиштата, расчистени диви депонии, уредено управување со отпадот и простори за одмор и рекреација“, рече Филипче.
Тој порача дека изборот во недела е меѓу продолжување на досегашното неуспешно владеење на ВМРО и можноста граѓаните да ја вратат општината во свои раце.
„Се гласа за промени во Брвеница, за да ја вратиме општината во рацете на жителите. Локалната власт досега беше во рацете на ВМРО и тие ги изневери граѓаните. Еден градоначалник помалку за ВМРО, една општина повеќе за граѓаните“, рече Филипче.
Линк до видео:



