„Ветуваа правда, ништо, ветер и магла! Границата е швајцарско сирење. Денеска, никој не одговара“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Брвеница, обвинувајќи ја власта за неисполнетите ветувања за правда и за понижувањето на граѓаните со случајот со преминувањето на границата.
„Погледнете што се случува овие денови во државата. Отиде Тимчо предавникот во Софија, под радарот, што договориле, видовме. Ива Михаиловска избега, ја пуштија под радарот. Панче ја пушти, границата му била швајцарско сирење’. Па нели, Панче, „брат да ми е, ќе одговара“? Денеска никој не одговара“, рече Филипче од Брвеница.
Филипче потенцираше дека случајот претставува сериозно понижување за граѓаните и државата.
„Овој скандал, ова договорено пуштање преку граница, е големо понижување за народот, за државата, за граѓаните, за сите нас. Денеска го слушам Мицкоски како вели дека кога-тогаш ќе одговарале. Какво потценување на сопствениот народ! Тоа значи никогаш, затоа што сѐ што ќе каже Христијан Мицкоски, тоа е една голема лага. Исто како што ветуваше гордост, додека клечеше и молеше за власт. Седна во фотелјата и што донесе? Само понижување“, порача Филипче од Брвеница.
Филипче постсети и на Артан Груби, критикувајќи го односот на власта кон неговото пристигнување и заминување.
„Нас нѐ напаѓаат за Артан Груби, а тие како го дочекаа на граница? Со црвен килим и со камери, а како го пуштија? Со факели и со прослава. Па треба ли воопшто да се зборува за нивното лицемерие, за нивните лаги, за тоа што мислат тие за граѓаните? Го гледаат во очи народот и го лажат. Но, граѓаните не се наивни. Сѐ е на виделина, народот гледа и знае сѐ. Не поминуваат повеќе ни црните кампањи ни гебелсовските методи“, порача Филипче од Брвеница.
Линк до видеото :



