Филипче: Мицкоски вели „кога-тогаш“ одговорност, значи „никогаш“!

Facebook
Twitter
LinkedIn

„Денес кога го слушам Мицкоски, како вели дека кога-тогаш ќе одговарале. Какво потценување на сопствениот народ. Тоа значи никогаш, затоа што сѐ што ќе каже Христијан Мицкоски, тоа е една голема лага“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Брвеница, обвинувајќи ја власта за неисполнетите ветувања за правда и за отсуството на одговорност.

„Што ветуваше? Ветуваше враќање на името, поништување на Преспанскиот договор, нова преговарачка рамка, подобри преговарачки позиции. Ветуваше правда, ништо, ветер и магла, секое негово ветување лага“, рече Филипче.

Филипче укажа и на актуелните случувања во државата и случајот со преминувањето на границата, прашувајќи зошто, и покрај најавите за одговорност, никој не одговара.

„Погледнете што се случува овие денови во државата. Отиде Тимчо во Софија, под радарот, што договориле, видовме. Ива Михаиловска избега, ја пуштија под радарот.

Панче ја пушти, границата била швајцарско сирење, па нели, Панче, „брат да ми е, ќе одговара“? Денес никој не одговара.
Овој скандал, ова договорено пуштање преку граница, е големо понижување за народот, за државата, за граѓаните, за сите нас. Исто како што ветуваше гордост, додека клечеше и молеше за власт. Седна во фотелјата и што донесе? Само понижување“, истакна Филипче.

Линк до видеото :