Филипче: Под притисок на јавноста се смени одлука за насилникот од Охрид, потврда дека ништо не функционира

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за „Топ тема“ на Телма телевизија, посочи дека институциите реагираат под притисок на јавноста, наместо навремено да ја исполнуваат својата должност да ги заштитат граѓаните, жените, жртвите на насилство.

Говорејќи за нападот врз девојката во Охрид и првичното пуштање на осомничениот дома, Филипче оцени дека случајот покажува сериозно нефункционирање на системот на безбедност.

„Погледнете го министерот Панче Тошковски – со сè што се занимава, само со Сејф сити. И ништо друго. Додека жени скокаат со деца, гинат на лице место, додека жени се убиени во државата, го имаме и овој случај од вчера, во кој, замислете, обвинителството го пуштило момчето дома“, рече Филипче.

Тој истакна дека притисокот на јавноста е причината за дополнителното постапување на институциите, нагласувајќи дека целта на најавениот протест е да се спречат нови случаи на насилство.

„Денеска, како резултат на нашиот притисок и притисокот на јавноста видовме што се случи. Очигледно без тоа нема ништо да се случува. Го видовме и премиерот како се вклучи во темата. Тој најави дека ќе преземе сè што треба. Па зарем има подобар показател од тоа дека тој директно се меша во работата на судството и обвинителството? Тоа значи дека некој повторно го повикал на телефон за тие да си ја вршат работата. Ништо друго не функционира, вклучително и МВР “, порача Филипче.

Претседателот на СДСМ нагласи дека институциите мора да постапуваат, без да се чека нова трагедија или притисок од граѓаните.

„Што треба да се случи за конечно институциите да работат како што треба? Што треба да биде доволно голем скандал, престап или трагедија?“, праша Филипче.

Линк до видео:

https://www.facebook.com/TVTelma/videos/2121675041813003/