Соопштение за јавност
Младите сакаат да живеат достоинствено и да напредуваат според своите способности, без дискриминација и партиски условувања, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за „Ноќно студио“ на 4ТВ. Тој истакна дека предизборната програмска платформа на СДСМ се темели на истражувања за тоа што им е важно на младите.
„Јас работам со млади луѓе. Имам специјализанти на клиника, имам студенти. Луѓето бараат систем. Младите бараат систем. Не секогаш повеќе пари. Они сакаат да заработат, ама преку систем во којшто нема да има дискриминација по ниту една основа, најмалку партиска“, рече Филипче.
Тој посочи дека платформата, која ќе прерасне во изборна програма, „се темели на истражувањата пред се на барањата и потребите на младите луѓе на генерација Z“.
„Тие бараат достоинствен живот, тие бараат мерит систем, бараат добро образование и здравство и бараат правилно оданочување“, нагласи Филипче.
Како одговор на тие барања, Филипче ги издвои политиките за подобри примања, напредување според заслугите и воведување прогресивен данок.
„Колку вредиш толку ќе напредуваш“, рече Филипче, објаснувајќи го принципот на кој се темели мерит системот што го предлага СДСМ. За прогресивниот данок, тој посочи дека станува збор за „правилна распределба на капиталот во општеството“.
Линк до видео:
