fbpx

Претседателот Заев од Гевгелија: Нова македонска економија обезбедува уште повеќе пари назад кај граѓаните и компаниите!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот Заев во Гевгелија зборуваше за новата економска визија за развој на државата по надминување на кризата и ги претстави плановите пред гевгеличани за развој на нова македонска економија која ќе продуцира нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите.

„Во Гевгелија 357 фирми добија од државата директна помош за плати 14,500 денари и супституција за придонесите за плати. 56 компании добија бескаматни кредити од Развојната банка, а 5400 граѓани досега добиле државна платежна картичка. Сé се тоа ваши пари пуштени назад. На времето одеа во споменици, во музеи и во жални врби. Има компании кои зборуваат и во гевгелиско-валандовскиот и во струмичкиот и насекаде дека прв пат добиле нешто од државата, добиле пари и поддршка. 70 милиони евра го помогнавме стопанството само од буџетот. Отворивме 64 илјади нови, конкретни, реални работни места. А ќе продолжиме уште повеќе, уште подобро.“ посочи претседателот Заев.

Воедно тој додаде дека во следниот четиригодишен мандат вкупно 600 милиони евра ќе насочат кон домашните компании и странските директни инвестиции, 300 милиони ќе бидат директна буџетска поддршка, а 300 милиони евра од европските фондови.

„Следува четврт пакет на мерки за поддршка во кој сите пензионери со пензија под 15,000 денари ќе добијат државна платежна картичка и ваучер. Сите невработени, пасивни баратели на работа ќе добијат следен пакет на државна платежна картичка, сите неевидентирани невработени, најсиромашните граѓани ќе добијат државна платежна картичка за да ги потрошат парите, да решат некој проблем дома но и да поддржат и туризам и угостителство и да купуваат домашни производи и услуги“ додаде претседателот Заев.

На крајот од своето обраќање тој ги повика гевгеличани да излезат на изборите кои ќе бидат безбедни по здравјето, да заокружат 3 за СДСМ и коалицијата „Можеме“ за да продолжиме заедно уште повеќе, уште подобро да работиме за економски напредок на нашата земја.

Последни вести