Соопштение за јавност
На граѓанаската трибина во Велес, претседателот Заев ги потенцираше разликите помеѓу концептите на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ и ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски.
– Гледаме како се грижат за здравјето на граѓаните, во целиот овој период, Мицкоски оди по тератани, по кафани, организираат масовни собири, редовно не носат маски, не почитуваат и кршат мерки и тој ќе давал примери како да се однесуваат граѓаните. Не може така, посочи Заев.
Од друга страна, порача Заев ние нудиме концепт што води напред, концепт за уште посилен раст и развој, концепт кој ја зајакнува борбата против коронавирусот.
– Верувам во мудроста на нашиот народ и затоа водиме позитивна кампања во која кажуваме се, овие избори или ќе не вратат назад и ќе не поддржат во исправниот пат. На денот на изборите само три опции: Можеме повеќе, Можеме подобро и На прав пат, да не ги заборавите. Верувам дека на 15 јули и Велес и цела изборна единица 3 и цела држава ќе ја слават победата на коалицијата „Можеме“