fbpx

Заев на ТВ 24: Одењето по кафани и теретани, делењето доктори на партиска основа и непочитување на мерките за заштита, покажува колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за здравјето на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Голема е разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ помеѓу мене и вас, многу голема, заради тоа што го видоа граѓаните во целиот овој период, лаги манипулации, делба на лекарите и медицинските сестри на на ВМРО на СДСМ и неопределени, тоа е срамота е, му порача претседателот Зоран Заев на Христијан Мицкоски во предизборното соочување на ТВ 24.

„Како во ВМРО ДПМНЕ почитуваат мерки, со одење во кафана и во теретана. Но, и тоа е за пуста власт, но таа ви е изгубена битка. Барем малку да се потрудевте да го зачувате здравјето на граѓаните. Немојте да бегате, нека не ве кријат во кафани. Покажете грижа, оти вака излегува дека воопшто не ви е гајле за здравјето, додаде Заев.

Тој додаде дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажале сериозна неодговорност во времето на пандемијата.

Дефинитивно видовме дека неодговорноста ваша лична, е лош пример за граѓаните. Во теретана, во кафана, гушкање, не ви е гајле за граѓаните дали ќе се заразат му порача Заев на Мицкоски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ниту на предизборните собири не ги почитува мерките за заштита.

Последни вести