Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Лицемерието и партиското профитерство беше и останува главна одлика на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Крајно несериозно и лицемерно е за планирањето на Скопје да зборува некој кој уста не отвори кога Градот го облекуваа во фасади од барок и стиропор.
Истиот тој Мицкоски молчеше кога се менуваа фасадите на улица Македонија. Молчеше Мицкоски и за зградата на ЕЛЕМ за време на неговото директорување.
Разликата е огромна. Додека ВМРО-ДПМНЕ узурпираше и ниту еднаш не ги праша граѓаните за мислење, СДСМ е отворена и заедно со граѓаните носи решенија.
ВМРО-ДПМНЕ поставуваа споменици сред ноќ, тајно, а СДСМ работи транспарентно, отчетно и отворено.
ВМРО-ДПМНЕ ќе остане партијата симбол на расипништво. Доказ за тоа се градбите на ВМРО-ДПМНЕ кои чинеа милиони, а денес се распаѓаат.
Наспроти ова расипничко однесување, СДСМ е партијата која покажа како домаќински се работи исклучиво во интерес на граѓаните и на државата. Сѐ што прави СДСМ прави заедно со граѓаните, сѐ што прави СДСМ трае и служи долго.