Односот на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и граѓаните е лицемерен и затоа остануваат во опозиција, денес слободата на медиумите е загарантирана

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Апсење новинари, упади и затворање медиуми, погазување на слободите на граѓаните и неистомисленици, таков беше односот на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и критичката јавност, цели 11 години.

Поради таквиот однос на режимот на ВМРО-ДПМНЕ нашата држава со години беше на дното на Европа по граѓански и новинарски слободи.

За разлика од таквото темно минато, денес владее слобода, секој отворено и без страв може да ја критикува власта, но и секој друг политички субјект во државата, а бројни извештаи на меѓународни организации и институции го препознаваат напредокот што Република Северна Македонија го прави во заштита и унапредување на новинарските слободи.

Тоа, ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да може да го разбере, ниту пак да го обезбеди. Нивниот однос кон медиумите, кон граѓаните е лицемерен, потценувачки и затоа остануваат во опозиција и следните 4 години.