Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ во познат стил продолжува да шири лаги и се обидува да наметна неоснована паника меѓу граѓаните.
Како што соопшти и Народната банка, стечајот на ,, Еуростандард банка” е поради проблеми од минатото, а дел од вината за таквото работење има и кадарот од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Трајковски, директор на Управата за јавни приходи во време на режимот и досегашен претседател Управниот одбор на ,, Еуростандард банка”
Таму ВМРО-ДПМНЕ треба да ги бара одговорите за затворањето на банката.
ВМРО-ДПМНЕ да сопре со пласирање лажни вести и паника кај граѓаните и да дозволи институциите да ја работат работата за која што се надлежни.
Имаме одговорни и стабилни институции кои соодветно спроведуваат постапки за заштита на правата и интересите на државата и на граѓаните.