Соопштение за јавност
Вистинските политики на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија кои се во насока исклучиво во интерес на граѓаните и државата се потврдуваат во континуитет.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2020 година, изнесува 26.867 денари.
Тоа е за 4.059 денари повеќе во однос на јуни 2017 кога таа изнесувала 22.808 денари.
И денес, во време на светска криза, трендот на раст на платите не престана, туку напротив продолжи со раст, благодарение на ефикасните и навремени економски антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ.
Споредено со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога оваа партија беше на власт во периодот од три години (јуни 2014-јуни 2017), просечната плата бележеше зголемување за само 1.575 денари, односно, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2014, изнесувала 21.233 денари.
СДСМ покажа како вистински и домаќински се работи во интерес на граѓаните, на економијата и така ќе продолжи и во следниот четиригодишен мандат. Платите ќе растат уште повеќе за уште подобар животен стандард на сите.
Во следниот мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и подобро за граѓаните, за државата.