Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ толку многу е исплашен од потенцијалот на Љупчо Николовски и новата Влада, што уште неизбран почна да биде таргет на грозни лаги од губитничката партија на неодамнешните избори.
Наместо да ги среди внатрешните односи и што поскоро да стане вистинска конструктивна опозиција, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со нивната надалеку позната фејк-њуз политика на измислување лаги, со единствена цел да се скријат сопствените проблеми, недостатоци и некадарност.
Остро ги демантираме последните измислици на фејк-њуз ВМРО и им посакуваме побрзо заздравување од проблемите со кои се соочуваат секојдневно последниов период. Тоа е најголемата опозициска партија кој заслужува стабилност и вистинско лидерство, за нивно, но и општо добро на сите нас како демократско општество што аспирира да оди напред.