fbpx

Владата предводена од СДСМ со нов пакет мерки за граѓаните и компаниите, платежни картички за пензионери, невработени и самохрани родители

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ и во новиот мандат продолжува со креирање и реализација на мерки, со кои им помага на граѓаните и на компаниите полесно да го поминат овој тежок период на пандемија со коронавирусот.

Четвртиот сет на антикризнини мерки, кој ќе биде презентиран наскоро, ќе ги рефлектира реалните потреби на компаниите и на граѓаните и дополнително ќе ја раздвижи економијата.

За да се стимулира приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ, платежни картички ќе им бидат доделени и на пензионерите со пензии до 15.000, пасивните баратели на работа, како и на самохраните родители.

Пакетот предвидува и стимулативни мерки за враќање на работа на лицата кои беа отпуштени за време на кризата, а продолжува и поддршката за компаниите со цел зачувување на работните места.

Владата со првите три сета мерки успеа значително да ги ублажи негативните ефекти врз економијата, преку обезбедување на ликвидност на компаниите и борба за зачувување на секое работно место, а истовремено со платежните картички и ваучерите за туризам ја поттикна домашната потрошувачка и економија.

Во новиот мандат, Владата предводена од СДСМ, ќе покаже дека државата е сервис на граѓаните и сите сили ќе ги насочи во градење на нова, развојна македонска економија подготвена да одговори на сите предизвици.

Последни вести