fbpx

За Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ важни се само народните пари, знаат само да шират лажни вести и да работат на штета на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Целиот мандат на поранешниот дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски беше исполнет со ширење лажни вести и однесување спротивно на интересите и потребите на земјоделците.

Одржување партиски прес-конференции во работно време, кривична пријава за злоупотреба на службена должност, организирање партиски протести на лажни земјоделци и неовластено снимање на вработени во подрачна единици на Министерството, се резултатите на Трипуновски во земјоделството.

Денес, со барањето за апанажа, Трипуновски само потврдува дека народните пари му се најважни и дека сета негова наводна загриженост за земјоделството е лажна и лицемерна.

Тоа се кадрите на Христијан Мицкоски, неодговорни личности кои работат единствено за свои лични интереси, а никогаш за интересите на граѓаните. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго остануваат во опозиција.

Последни вести