Соопштение за јавност
Ред, правда и дисциплина, градење силна, независна правна држава и неселективно владеење на правото се врвните приоритети на Владата предводена од СДСМ во новиот мандат.
СДСМ е посветена на градење општество во кое владее слободата, еднаквоста и правдата, општество во кое граѓаните се чувствуваат безбедни и имаат доверба во институциите, се залага за држава со нулта толеранција за корупција и криминал, каде секој што го прекршил законот, сноси одговорност.
Граѓаните бараат и очекуваат ред и неселективна правда, еднаквост пред законите. Токму затоа, уште во првите денови од својот мандат Владата предводена од СДСМ покажа дека е посветена на градење правна држава и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.
Уривањето на дивоградбата кај Мавровка, по донесената одлука на првата седница на Владата само потврдува дека СДСМ ги преточува во реалност заложбите дадени пред граѓаните.
Министерството за внатрешни работи, со континуираните акции покажува дека има нулта толеранција за однесување спротивно на правилата и прописите, покажува дека редот и законот важат за сите и секаде подеднакво.
Силната определба на Владата за ред, правда и дисциплина се гледа и со назначувањето на потпретседател на Владата задолжен за борба против криминал и корупција, кој ќе ги координира сите институции за да се максимизираат капацитетите во борбата против корупцијата и криминалот.
СДСМ гради неселективна правда, секој што се огрешил пред законот, ќе се соочи со законот.