fbpx

Ова ВМРО-ДПМНЕ на чело со извршителот Мицкоски е столб на криминалот и режимот на Никола Груевски и Орце Камчев

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Христијан Мицкоски

Откако Христијан Мицкоски и трет пат изгуби на изборите, бегалецот Никола Груевски му скрои нов Извршен комитет во обид да го зачува на позицијата и да му ја спаси фотелјата во белиот дворец.

Секоја демократска партија е нормално да одржи Конгрес после избори, само Мицкоски се плаши од сопствените членови, како и од граѓаните.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од докажаниот губитник Христијан Мицкоски нема капацитет да се реформира.

Последен доказ за тоа се таканаречените големи промени во раководството на оваа партија во кое се наоѓаат стари, потрошени кадри, послушници и извршители на Никола Груевски.

За нови лица Мицкоски ги нуди Антонио Милошоски против кого се водат предмети и човек кој се криеше од судски доставувачи; Рашела Мизрахи која од позиција на министерка го кршеше Уставот и законите; Гордана Димитриевска Кочовска која блокираше средства од Светска банка за помош на здравството; Марија Андоновска за која цела јавност слушна како Гордана Јанкуловска лобирала да се вработи во Фонд за здравствено осигурување.

ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Мицкоски не е мрднато ниту милиметар од деструктивната, антидржавна и антинародна матрица. Граѓаните тоа го гледаат и затоа губат на три изборни циклуси и затоа уште долго ќе бидат опозиција.

Последни вести