fbpx

Заради непречено функционирање на Собранието потребно е воведување работа од далечина за пратеници кои се во изолација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Институциите и во време на сериозните предизвици поради глобалната пандемија со коронавирусот, мора непречено да функционираат со целосен капацитет, во интерес на граѓаните.

СДСМ како одговорна партија и како владејачко мнозинство во Собранието се залага за парламент кој ќе биде во можност да ги извршува своите функции и во вакви околности.

Заради непречено функционирање на законодавниот дом во време на светска пандемија, потребна е промена на Деловникот за работа на Собранието, со цел воведување работа од далечина само на пратеници кои имаат решение за изолација.

Ваквиот комбиниран модел значи дека само оние пратеници кои се заболени или кои се наоѓаат во изолација поради контакт со заболено лице, пристуствата на седниците на Собранието и на работните тела да можат да ги извршуваат онлајн.

Во вакви тешки моменти и за нас и за светот, не смееме да оставиме држава без донесен ребаланс на Буџет, без донесен Буџет за 2021 години или други битни работи кои се од интерес на граѓаните, компаниите, економијата, институциите.

Сега не е време за дневнопартиски калкулации, тука посветеност и работа во интерес на граѓаните.

На изборите на 15 јули граѓаните го дадоа својот глас и избраа институции кои ќе им служат во секакви околности, вклучувајќи ја и оваа пандемија.

Последни вести