Соопштение за јавност
Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска и градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, денес имаа маалска средба со жителите на Драчево. Царовска на средбата истакна дека СДСМ е партија која што навистина се грижи за сите граѓани и посеветено работи на намалување на сиромаштијата, на нови развојни реформи и процеси и на грижа кон сите граѓани и тоа се гледа низ бројни примери.
“Како социјалдемократи вложуваме во сите граѓани и во децата и посветено работиме на подобрување на условите за живот. Тоа го покажавме во претходниот мандат. Продолжуваме со создавање на успешни политики и мерки и во овој мандат на владата”, рече Царовска.
На средбата се разговарараше за други актуелни прашања и предизвици, пред се поврзани со коронакризата и со справувањето со последиците од неа.