fbpx

Граѓаните се клучни во борбата против коронавирусот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните се клучни во борбата против коронавирусот

Рекордните бројки на инфицирани со коронавирусот во земјата бараат дисциплина од сите граѓани, доследно и строго почитување на мерките за заштита и ковид протоколите.

Мора да бидеме солидарни, во борбата против невидливиот, смртоносен непријател, кој им се заканува на сите, а најдобро и најефикасно оружје е носење заштитна маска, шал или марама, држење дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете.

Граѓаните се клучни во борбата против коронавирусот, ако сите ги почитуваме мерките за заштита ќе го зауздаме растот на новоинфицирани, ќе го спречиме ширењето на вирусот.

Почитувањето на мерките ќе ги намали притисокот врз здравствениот систем и врз лекарите, медицинските сестри и помошниот здравствен персонал, кои седум месеци пожртвувано ги лекуваат заболените, ќе го намали ризикот од преполнување на болниците.

Мерките предложени од Комисијата за заразни болести, кои ќе стапат на сила по законските измени предвидуваат да се носи маска, марама или шал и на отворено, да нема групирање на повеќе од 4 лица на отворено после 22 часот и во домовите да биде дозволено присуство од најмногу четворица гости, покрај членовите на семејството.

Владата предводена од СДСМ веќе им ги зголеми ингеренциите на сите инспекторати, да можат на лице место да изречат забрана за вршење на дејност до 30 дена за правни лица, што не ги почитуваат ковид протоколите.

Во борбата против коронавирусот клучно е совесното и одговорно однесување на грѓаните, клучно е дисциплинираното почитување на мерките – носење заштитна маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција.

Здравјето на граѓаните е наш приоритет, но мораме да научиме да живееме со пандемијата и секогаш и секаде да ги почитуваме мерките за заштита и ковид протоколите.

Последни вести