fbpx

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го загрозуваат здравјето на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО ДПМНЕ, во време на пандемија, кога целиот свет се бори против нов и непознат вирус продолжува со деструктивно делување, опструкции и критики кон сите кои даваат максимални напори во справување со вирусот.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ го одолговлекува и блокира носењето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, со кои на граѓаните треба да има се обезбеди поголема заштита од Ковид 19.

Со блокирање на мерките, кои се исти и слични како во голем број еврпски држави Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ го загрозуваат здравјето на сите граѓани.

Лицемерниот Мицкоски глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а постојано организира јавни собири опасни по јавното здравје и на кои масовно се кршат мерките за заштита од коронавирусот.

Здравствените институции, стручната јавност имаат капацитет и подготвеност да се справат со есенскиот бран на вирусот и тоа ќе го сторат, колку и да не му се допаѓа тоа на Мицкоски.

Последни вести