fbpx

Костовски: ВМРО-ДПМНЕ со години го уриваше здравствениот систем, пратениците да го изгласаат ребалансот на Буџетот за граѓаните што поскоро да ги почувствуваат придобивките од мерките

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Живееме во тешки времиња на светска пандемија, за жал 2020 година ќе остане запишана со црни букви во колективната меморија, но секое лошо за добро, пандемијата ни го успори брзиот ритам на живот и ни покажа дека само заедно можеме да се избориме против него, истакна пратеникот на СДСМ Мартин Костовски, при гостувањето во емисијата „И што сега“ на јавниот сервис.

Костовски нагласи дека клучно е да се почитуваат мерките за заштита, кои Комисијата за заштита од заразни болести микроскопски точно ги одредува, носење маска, шал, марама, одржување дистанца од два метри и честа дезинфекција на рацете и изрази очекување дека за 2-3 недели ќе видиме намалување на бројот на новозаразени со воведувањето на задолжителното носење на маските и на отворено.

-Најдобар борец против пандемијата се граѓаните, а маската ни е најдобар пријател за справување со пандемијата, за да го разлабавиме здравствениот систем, рече Костовски.

ВМРО-ДПМНЕ има сериозен удел во рушењето на здравствениот систем зо 11 години, во кои немаа шајка заковано, го уназади и предизвика егзодус на медицинските сестри и лекари, истакна Костовски, додавајќи дека ако сега беше на власт, којзнае како ќе ги вршеше тестирањата и ќе ја замајуваше јавноста како во секоја друга област на живеењето.

Костовски рече дека опозицијата од почетокот на кризата, континуирано ги напаѓа сите мерки, ги дели на наши и ваши, но за нас нема заразени од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ, сите сме еднакви.

Во врска со предлогот за ребаланс на буџетот за 2020 година, Костовски рече дека тоа е следствено продолжување на третиот пакет мерки што беше во вредност од 550 милиони евра, за граѓаните, претпријатијата.

Секоја интервенција на државата во вакви услови е добредојдена за секој еден, четвртиот пакет мерки содржи 31 мерка, во вредност од 470 милиони евра, односно Владата предводена од СДСМ обезбедува вкупно милијарда евра поддршка, помош на граѓаните економијата, пред се на здравството, нагласи Костовски.

Тој упати апел до сите пратеници да го изгласаат ребалансот на Буџетот за 2020 година, за да можат граѓаните, што поскоро да ги почувуствуваат бенефитите.

Последни вести