fbpx

Мицкоски останува на страната на коронавирусот и дејствува опасно по здравјето на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ на чело со неспособниот Христијан Мицкоски, продолжува да тера морбидна партиско-политичка кампања на тема ковид со континуирани опструкции и лажни вести.

Мицкоски грчевито се држи за својата фотелја во белата палата иако три пати беше поразен на избори, а сега, оправдувајќи се со загриженост за здравјето на граѓаните, бега од уште еден дебакл, со неизлегување на предвремените локални избори во Штип и Пласница.

Мицкоски не е загрижен за здравјето на граѓаните, напротив тој е опасен за јавното здравје.

Кога започна пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се исмеваа со корона-вирусот, велеа дека е изговор за одложување на изборите, лажеа дека нема доволно тестови и заштитна опрема, ги делеа лекарите по партиска основа.

Сакаа да ги одложат парламентарните избори за наесен, поради лажна загриженост за здравјето, а целата кампања ја истераа со масовни собири, со целосно игнорирање на мерките за заштита.

По изборите, продолжија со кочењето и саботирањето на системот и мерките, а истовремено организираат собири, на кои воопшто не ги почитуваат мерките на заштита.

За дополнително поткопување на сите напори за справување со кризата, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Вело Марковски зборува дека коронавирусот не е опасен и дека не треба да се носат маски, со што ги збунува граѓаните.

Граѓаните знаат дека СДСМ носи мерки за заштита од коронавирусот, а ВМРО-ДПМНЕ ги прекршува.

Граѓаните знаат дека СДСМ се грижи и инвестира во лекарите, а ВМРО-ДПМНЕ за 11 години не направи ништо за здравствените работници.

Граѓаните знаат дека СДСМ има капацитет на организира фер и демократски вонредни локални избори, безбедни за здравјето на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ бега од изборно соочување.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште долго ќе останат во опозиција.

Последни вести