fbpx

Состојбата со Охридското Езеро е стабилна, ВМРО-ДПМНЕ тера политиканство од природни појави

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ

Нема крај политиканството на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија не може да понуди ништо освен измислици, конструкции, лицемерие и неодговорно однесување.

Колку во ВМРО-ДПМНЕ имаат изгубено допир со реалноста говори фактот што тие денеска тие ја обвинуваат Владата предводена од СДСМ затоа што годинава има значително помалку врнежи на дожд.

Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ да не се грижи, состојбата со водостојот на Охридското Езеро е под контрола, внимателно се следи и се внимава да биде во рамки на дозволеното.

Како што објавија и АД Електрани на Северна Македонија, ХЕС Црн Дрим управува со истекот на вода од Охридско езеро и предизвикува регулирано осцилирање на нивото, при тоа секогаш водејќи сметка тоа осцилирање да го следи природното, што значи во месеците мај-јуни да ја достигне максималната вредност а во октомври – ноември минималната.

Според издадената водостопанска дозвола од Министерството за животна средина, дозволено е осцилирање помеѓу котите 693.10 и 693.75. Оваа 2020 година е значително сува година и со остварено производство на електрична енергија на ХЕС Црн Дрим од само 70% од просечното, котата на Охридското езеро изнесува 693.13.

Согласно обврските од Водостопанските дозволи, донесена е одлука да се запре со производство на електрична енергија од хидропотенцијалите, со цел да се заштити животната средина и биодиверзитетот.

Планирано е испуштање на вода само за обезбедување на биолошкиот минимум на реката Црн Дрим, со што и нивото престанува да се намалува а со доаѓањето на есенските врнежи ќе почне и да расте.

ВМРО-ДПМНЕ е толку очајна и безидејна што покрај коронавирусот, реши да тера политиканство со природните, метеоролошки појави и затоа не треба да се чудат зошто се во опозиција и зошто уште долго ќе останат таму.

Последни вести